Регистар за Испуштање и Пренос на Загадувачи РИПЗ
Pollutant Release and Transfer Register PRTR
Mакедонски информативен центар за животна средина
Macedonian Environmental Information Center MEIC
English Macedonian

РИПЗ Визија
Транспарентна индустрија, отворен регистар и информирана јавност за здрава животна средина
Добредојдовте на веб страната на Регистарот за испуштање и пренос на загадувачки материи во Република Македонија.
Регистарот на испуштање и пренос на загадувачки материи е сеопфатна база на податоци за националните емисии и преносот на загадувачите во РМ. РИПЗ претставува регистар на годишно ажурирани податоци за емисии на 91 загадувачка материја во медиумите на животната средина (воздух, вода и почва) како и трансфер на истите надвор од локацијата на создавање. РИПЗ порталот обезбедува пристап до РИПЗ регистарот и содржи информации и податоци за спречување и контрола на загадувањето на животната средина, загадувачките материи и нивното влијание врз здравјето на луѓето.
Меѓународна недела на Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи - РИПЗ

Во периодот од 24-26.11.2015 во Мадрид, Шпанија се одржа Меѓународната недела на  Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи – РИПЗ.  Настанот е организиран од страна на  UNECE (Економска комисија за Европа на Обединетите нации) во соработка со UNEP (Програма за животна средина на обединетите нации) и ОECD (Организаџија за економска соработка и развој).  Од Македонски информативен центар за животна средина на сотанокот присустуваше Аземине Шакири, нацинално контакт лице за РИПЗ.

Втора тркалезна маса на „ Регистар на испуштање и пренос на загадувачи за одржлива иднина се одржа од 24-25/11/2015 во организација на УНЕЦЕ-ОЕЦД во соработка со УНЕП и УНИТАР. На тркалезната маса се поттикна размена на искуства меѓу различни влади и засегнатите страни, зајакнување на капацитетите на експертите  и промоција на  содејства поврзани со РИПЗ.

Четврта работна група на Земјите членки на Протоколот на Регистар на испуштање и пренос на загадувачи се одржа на 26/11/2015 во организација на УНЕЦЕ.

На Четврта работна група на Земјите членки на Протоколот на Регистар на испуштање и пренос на загадувачи беа дискутирани следниве точки:

  • Статус на ратификација на Проколот
  • Номинирање на контакт лице за Протоколот
  • Промоција и зајакнување на капацитети
  • Субрегионални работилници
  • Електронски алатки

 

Повеќе
Успесите, предизвиците и најдобрите практики во развојот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во земјите од Западен Балкан и Република Молдавија

На 8-9 ноември 2016 год во Холидеј Инн, Скопје се одржа субрегионална работилница на тема: Успесите, предизвиците и најдобрите практики во развојот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во земјите од Западен Балкан и Република Молдавија“, Работилницата е организирана како резултат на соработката на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) во рамките на проектот „Подршка за воспоставување и развој на Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи во Земјите од Западен Балкан и во Република Молдавија“, Проект кој е финансиски поджан од Германското министерство за животна средина, заштита на природата и нуклеарна безбедност и Федералната агенција за животна средина на Германија.

Целта на состанокот беше да се направи увид во актуелните случувања поврзани со спроведувањето на Протоколот за Регистри на испуштање и пренос на загадувачи во Земјите од  Западен Балкан и Република Молдавија, размена на  искуства и применети знаења со државите кои имаат понапредни РИПЗ системи, како и да се направи прилагодување на РИПЗ системите за да се овозможи нивен поефикасен развој,

Состанокот беше отворен од страна на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски кој во поздравното обраќање ја истакна важноста на достапноста на информациите за испуштања и пренесување на загадувачи и трансфер на отпад во медиумите на животна средина со што се обезбедува учество на јавноста при донесување на одлуки во областа и постигнување на крајната цел – преземање на соодветни акции за намалување на загадувањето.

На работилницата покрај претставниците на македонското Министерство за животна средина и просторно планирање присуствуваа експерти од Германија и Холандија и претставници од ресорните министерства на Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Молдавија, како и високи претставници од РЕЦ, Германската амбасада во Македонија и од Делегација на ЕУ.

 

Повеќе
Дводневна работилца за Регистар на испуштање и пренос на загадувачи, 28-29.06.2016 година, Хотел Арка, Скопје

Во рамките на проектот "Поддршка во воспоставување и унапредување на Протоколот за регистри за испуштања и пренос на загадувачи (РИПЗ) во земјите од Западен Балкан и во Молдавија" ќе бидат оджани две работилници, на 28.06.2016 и 29.06.2016 година. Работилниците ќе бидат во организација на Министерството за животна средина и просторно плнирање и Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ). Проектот е финансиран од Програмата за советодавна помош на Германското сојузно министерство за животна средина во земјите од Централна и Источна Европа, Кавказ и Централна Азија и во други земји кои се соседи на Европската унија.

Првиот ден од работилниците ќе биде посветен на граѓанските здружениа од областа на животната средина. Целта на оваа работилница е да се овозможи подобро разбирање на Протоколот, обврските кој произлегуваат од истиот како и улогата која ја имаат различните засегнати страни.

Вториот ден на работилниците беше посветен на индустријата, меѓутоа ќе има претставници и на граѓанските здружениа. Целта на работилница е преглед на напорите што се прават во текот на последните три години во однос имплементација на Протоколот за РИПЗ, потоа да се презентира Стратегијата и Акциониот План за имплементација на Протоколот за РИПЗ, како и да се разгледа можноста за  подобрувања за софтверската алатка за Известување и веб-страница за Известување.

 

Повеќе
Дводневна работилница за Регистар на испуштање и пренос на загадувачи, Хотел Арка, Скопје

Во рамките на проектот "Поддршка во воспоставување и унапредување на Протоколот за регистри за испуштања и пренос на загадувачи (РИПЗ) во земјите од Западен Балкан и во Молдавија" ќе бидат оджани две работилници, на 28.06.2016 и 29.06.2016 година. Работилниците ќе бидат во организација на Министерството за животна средина и просторно плнирање и Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ). Проектот е финансиран од Програмата за советодавна помош на Германското сојузно министерство за животна средина во земјите од Централна и Источна Европа, Кавказ и Централна Азија и во други земји кои се соседи на Европската унија.
Првиот ден од работилниците ќе биде посветен на граѓанските здружениа од областа на животната средина. Целта на оваа работилница е да се овозможи подобро разбирање на Протоколот, обврските кој произлегуваат од истиот како и улогата која ја имаат различните засегнати страни.
Вториот ден на работилниците ќе биде посветен на индустријата, меѓутоа ќе има претставници и на граѓанските здружениа. Целта на работилница е преглед на напорите што се прават во текот на последните три години во однос имплементација на Протоколот за РИПЗ, потоа да се презентира Стратегијата и Акциониот План за имплементација на Протоколот за РИПЗ, како и да се разгледа можноста за подобрувања за софтверската алатка за Известување и веб страницата за информирање на јавноста.

Повеќе