Во периодот од 19-21.12.2018, во просториите на Македонски информативен центар за животна средина се одржа обука на надлежните лица за валидација на податиците од РИПЗ. Целта на обуката беше запознавање со српското искуство во спроведување на одредбите од Протоколот за РИПЗ, размена на искуства како и подготовка на прирачник за валидација на податоците од РИПЗ.
За таа цел беше поканет експерттот за валидација на РИПЗ податоци Небојша Реѓич, од Српската Агенција за заштита на животна средина. На обуката присустуваа претставници од Македонски информативен центар за животна средина кои имат одговорност да вршат валидација на податоци од емисии во воздух, испуштање во води и податоци за трансфер на отпад.
На обуката се презентираше Српскиот регистар на испуштање и пренос на загадувачи во детали со посебен фокус на валидацијата на податоците од испуштањата во медиумите на животната средина како и за управувањето со податоци од отпад. Исто така беа предложени неколку начини за валидација и контрола на податоците кои ги известуваат РИПЗ инсталациите. Од страна на експертот беа посочени можни грешки и начини за нивно спречување и отсранување.