Регистар за Испуштање и Пренос на Загадувачи РИПЗ
Pollutant Release and Transfer Register PRTR
Regjistri i Shkarkimeve dhe Transferimit të Ndotësve RSHTN
Mакедонски информативен центар за животна средина
Macedonian Environmental Information Center MEIC
Qendra informative e Maqedonisë për mjedisin jetësor


РИПЗ Визија
Транспарентна индустрија, отворен регистар и информирана јавност за здрава животна средина
Добредојдовте на веб страната на Регистарот за испуштање и пренос на загадувачки материи во Република Македонија.
Регистарот на испуштање и пренос на загадувачки материи е сеопфатна база на податоци за националните емисии и преносот на загадувачите во РМ. РИПЗ претставува регистар на годишно ажурирани податоци за емисии на 91 загадувачка материја во медиумите на животната средина (воздух, вода и почва) како и трансфер на истите надвор од локацијата на создавање. РИПЗ порталот обезбедува пристап до РИПЗ регистарот и содржи информации и податоци за спречување и контрола на загадувањето на животната средина, загадувачките материи и нивното влијание врз здравјето на луѓето.
Седми состанок на работната група на страните потписнички на РИПЗ Протоколот, 27-30.11.2019 година во Женева, Швајцарија

Во периодот од 27-30.11.2019 година во Женева, Швајцарија во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE). се одржа 7-иот состанок на работната група  на страните потписнички на РИПЗ Протоколот.

На состанокот учествуваа националните контакт лица од земјите потписнички на Протоколот.

 Согласно дневниот ред се работеше два работни дена, на кои се дискутираше и презентираа прогресот постигнат во имплематција на РИПЗ Проотоколот. Од страна на секретаријатот беше известена работната група за постигнатиот успех  и план програмот за 2018-2020 со точно дефинирани активности и временска рамка за нивна реализација. Воедно се разви успешна дискусија за предизвиците и потешкотиите со кое се среќаваат Страните на Протоколот во процесот на имплематација и се одлучи да се најдат механизми за отстранување на истите.

На состанокот исто така се договорија првичните активности за реализација на четвртата сесија на Состанокот на Страните на Проколот.

...
Учество на седмиот состанок на Комитетот на усогласување под Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ), 1-2.04.2019, Женева, Швајцарија

Во период од 1-2.04.2019 година во Женева, Швајцарија, се одржа седмиот состанок на Комитетот на усогласување под Протоколот на Регистри на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ) во организација на UNECE – Секретаријатот за Протоколот на РИПЗ.

Состанокот започна со тоа што новите членови беа повикани да потпишат декларација дека совесно и одговорно ќе ги исполнуваат обврските на комитетот, меѓу ново избраните членови беше и претставникот од Министерство за животна средина и просторно планирање, Аземине Шакири - Советник за водење и одржување на Регистри на загадувачи и пренос на загадувачки материи. После тоа следеше избор на претседател и заменик претседател на комитетот.

Во согласност со мандатот на Комитетот според став 14 (б) од анексот на одлуката I / 2 на состанокот на страните (ECE/MP.PRTR/2010/2/Add.1) за да ги испита прашањата за усогласеност кои не беа наведени во став 13 од одлуката, Комитетот го разгледуваше прашањето и се согласи на прелиминарна основа дека горенаведеното прашање може да доведе до потенцијална неусогласеност од страна на засегнатите страни и се согласи да продолжи со разгледување со цел да ги комплетира своите нацрт наоди и да даде соодветни препораки.

На дневен ред беше и разгледувањето на подготвениот ревидиран нацрт текст на Протоколот,  подготвен од страна на секретаријатот врз основа на коментарите добиени од неодамнешните консултации со Бирото, заинтересираните земји и организации при што Комитетот предложи голем број текстуални измени, коментари и препораки.

...
Обука за јакнење на капацитетите на надлежните органи за валидација на податоците од Регистарот на испуштање и пренос на загадувачи (РИПЗ), 19-21.12.2018, Скопје, МЖСПП

Во периодот од 19-21.12.2018, во просториите на Македонски информативен центар за животна средина се одржа обука на надлежните лица за валидација на податиците од РИПЗ. Целта на обуката беше запознавање со српското искуство во спроведување на одредбите од Протоколот за РИПЗ, размена на искуства како и подготовка на прирачник за валидација на податоците од РИПЗ.

За таа цел беше поканет експерттот за валидација на РИПЗ податоци Небојша Реѓич, од Српската Агенција за заштита на животна средина. На обуката присустуваа претставници од Македонски информативен центар за животна средина кои имат одговорност да вршат валидација на податоци од емисии во воздух, испуштање во води и податоци за трансфер на отпад.

На обуката се презентираше Српскиот регистар на испуштање и пренос на загадувачи во детали со посебен фокус на валидацијата на податоците од испуштањата во медиумите на животната средина како и за управувањето со податоци од отпад. Исто така беа предложени неколку начини за валидација и контрола на податоците кои ги известуваат РИПЗ инсталациите. Од страна на експертот беа посочени можни грешки и начини за нивно спречување и отсранување.

...
Разните апекти во имплеметацијата на РИПЗ Протоколот на УНЕЦЕ И ЕУ регулативата за РИПЗ, 17-19.2018, Холидеј Ин, Скопје, Македонија

Во периодот од 17-19.12.2018 во Холидеј Ин, Скопје се одржа регионаланта работилница на тема „Разните апекти во имплеметацијата на РИПЗ Протоколот на УНЕЦЕ И ЕУ регулативата за РИПЗ„. Работилницата е организирана во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите за развој на националните регистри за загадувачи и трансфер на загадувачки материи (PRTR) и поддршка на спроведувањето на SAICM во две земји со економии во транзиција, Република Молдавија и Република Македонија”, финансиран од SAICM Секретаријатот

Целта на работилницата е зајакнување на капацитетите, размена на искуства како и давање на насоки и совети во ажурирањето и имплементацијата на принципите и одредбите на Протоколот, со посебен акцент на потребата од обезбедување на пристапот на јавноста до информациите и податоци поврзани со загадувањето на животната, учество на јавноста во одлучувањето во областа на животната средина и обезбедување на пристап до правда во работи поврзани со животната средина.

На работилницата присустуваа претставници од Србија, Албанија, Косово и Молдавија кои го презентираа статусот на спроведување на РИПЗ во матичните земји.

На првиот ден претставници од Македонски информативен центар за животна средина го образложија статусот на спроведување на РИПЗ протоколот во Македонија, алатката за прибирање на податоци, РИПЗ порталот и резултатите од реализираните активности во рамките на гореспоментатиот проект. На настанот присустуваше и невладин сектор кој имаше презентација за врската и знаењата на невладиниот сектор за РИПЗ.

На третиот ден од работилницата се организраше посета на Цеметара „Усје„ на која беше презентирана лабораторијата, начинот на мониторинг, подготовка и прикажување на извештаи од испуштањата.

...